Header Ads

10 болни вистини што сите ги забораваат

"Иако вистината се игнорира, таа не престанува да постои"

Во животот за да една информација стигне до нас, и нашиот мозок ја перцепира како таква, истата ќе ја слушнеме неколку пати, од различни луѓе, на различни места во различна верзија. Следат десет вистини - односно животни лекции, кои многумина од нас едноставно ги игнорираат како таков факт. 

Сфати и запомни!

1. Просечниот човечки живот е релативно краток
Сите ние длабоко во нас знаеме дека животот е краток, и дека смртта ќе не стигне сите, а сепак сме запрепастени кога тоа ќе се случи на некого кого го познаваме. Од една страна прифаќаме се што животот ќе ни понуди, а на крајот осудуваме некој друг, прашувајќи се зошто е тоа така. Така е! Луѓето се раѓаат и умираат. Затоа животот се живее сега, во овој момент. Не игнорирајте ја смртта, и не плашете се од истата, тоа е само еден природен процес. И цвекињата овенуваат, за да потоа се родат нови. Не плашете се од смртта, плашете се од животот кој никогаш не сте го проживеале бидејќи сте се плашеле да го превземете потребниот ризик. Смртта не е најголемата загуба во животот. Најголемата загуба е она што умира во Вас додека сте сеуште жив. Бидете храбри, бидете исплашени до смрт а потоа превземете го потребниот чекор.

2. Ќе проживеете живот каков што сами ќе си создадете
Вашиот живот е само Ваш. Другите можат да пробаат да Ве насочат, но не можат да одлучат за Вас. Тие можат да чекорат покрај Вас, но никогаш во Вашите чевли, затоа осигурајте се дека патеката по која чекорите ја одбирате сами, и не плашете се да скршнете од истата, или да продолжите по сосема нова патека кога животот го бара тоа.
Запомнете секогаш е подобро да сте на почетокот на скалите кои сакате да ги искачите, отколку да сте на врвот од оние на кои не сакате да бидете. Бидете продуктивни и трпеливи, и сфатете дека трпеливоста не значи мирно да чекате, туку способност да одржите добро однесување додека работите напорно за она во што верувате. Ова е Ваш живот кој се крои само од Вашите избори. Нека Вашите дела бидат поголеми од Вашите зборови, нека Вашиот успех биде последниот глас кој се слуша.
Дури и кога немате претстава каде одите, бидете доволно храбри да се приближите до работ од непознатото и слушајте го Вашето срце.

3. Да се биде зафатен не значи да се биде продуктивен
Зафатеноста не е нешто што треба премногу да се почитува. Иако сите имаме моменти кога сме премногу зафатени, малку од нас имаат природна потреба да бидат зафатени цело време. Ние едноствно не знаеме како да живееме без навиките и да кажеме НЕ кога тоа навистина е потребно.
Во денешно време зафатеноста премногу се поистоветува со продуктивноста. Но погледнете наоколу. Зафатените луѓе ги надбројуваат продуктивните во големи маргини. Одење на работа, состаноци, конференции, социјални збиднувања, а едвај имаат време за фамилијата и потребниот одмор. А таквиот нивен зафатен распоред им дава само чувство на важност. Но, сето тоа е само една илузија. Таквите луѓе се како хрчак во тркало.
Иако зафатеноста прави да се чувствуваме живи, повеќе од било што друго во животот, не дозволувајте еден ден да посакате да сте живееле помирен и спокоен живот.

4. Неуспехот секогаш доаѓа пред успехот
Повеќето од грешките се неизбежни. Научете да си простувате самите себе си. Не е никаков проблем да се прават грешки, проблем е ако никогаш не научите од истите.
Ако сте премногу исплашени од неуспехот, не би биле во можност да ги превземете потребните акции за да бидете успешни. Решенито на овој проблем е спријателување со грешките. Сакате да ја знаете разликата помеѓу генијалец и аматер. Генијалецот претрпел неуспех повеќе отколку што почетникот воопшто пробал. Позади секое уметничко дело се влечат илјадници неуспешни обиди за да се направи истото, но истите никогаш не ни се претставени.
Само затоа што нешто не се случува во моментот, не значи дека никогаш нема да се случи. Понекогаш работите мора да отидат во погрешен правец пред да го најдат правиот пат.

5. Мислењето и дејствувањето се две различни нешта
Успехот никогаш нема да дојде доколку само седите и мислите за него.
Вие сте тоа што го правите, а не она што велите дека ќе го направите. Знаењето е бескорисно без акцијата. Добрите нешта не доаѓаат кај оние кои чекаат, туку кај оние кои работат на значителни цели. Запрашајте се што е она што е важно, и потоа имајте ја храброста да го изградите Вашиот живот блиску до Вашиот одговор. И запомнете доколку чекате да бдете 100% спремни, најверојатно животот ќе го поминете чекајќи.


6.Не треба да чекате за извинување за да простите
Животот станува многу полесен кога ќе научите да ги прифатите сите извинувања кои никогаш ги немате добиено. Клучот е да бидете благодарни за секое искуство, без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Гневот од минатото е само скратување на сегашната среќа.
Простувањето е ветување. Кога простувате некому Вие правите ветување дека постапките од минатото нема да дозволите да влијаат на сегашниот или идниот момент. Тоа во никој случај не е поврзано со ослободување на одредена личност од неговите или нејзините лоши дела, ниту пак значи ослободување од товарот кој го носите.

7. Некои луѓе едноставно не се кроени по Ваш терк
Ќе бидете добри онолку колку што се добри луќето кои Ве опкружуваат. Затоа бидете храбри да ги оттргнете оние кои Ве влечат надолу. Во никој случај не треба да се трудите да се поврзете со луѓе кои постојано прават да се чувствувате полошо од она што сте.
Доколку некој прави да се чувствувате неубаво и несигурни во Ваша кожа, без разлика која и да е причината, тогаш тие сигурно не се добар квалитет за пријателство. Доколку пак се чувствувате емоционално исцрпени после дружбата со некои од нив, послушајте ја Вашата интуиција. На светот постојат премногу луѓе кои се "исправните" за Вас кои ќе Ве мотивираат и инспирираат да го дадете најдоброто од Вас. Едноставно нема смисла да се трудите со луѓе кои не Ви требаат. 

8. Другите луѓе немаат должност да Ве сакаат, тоа ви припаѓа само на Вас
Во животот е важно да се биде добар со останатите, но уште поважно е да се биде добар со самиот себе си. Навистина е потребно да се сакате самите доколку саката било што во Вашиот живот да биде завршено. Затоа осигурајте се да не се гледате самите себе си како во очите на оние кои се небитни. Знајте ја Вашата вредност иако другите не ја знаат. Дозволете денес некој да Ве сака онакви какви што сте, и нека тоа бидете лично Вие, и никој друг.

9. Она што го поседувате не е она што сте
Материјалното е само материјално, и тоа нема никаква конекција со она што всушност сте. Се почесто луѓето се вреднуваат со она што го поседуваат. А колку од нас се свесни за апсурдноста на овој феномен?
Создадете своја сопствена култура. Не гледајте телевизија, не читајте го секој моден магазин и не конзумирајте премногу од вечерните вести. Најдете сила да го исполните Вашето време со значајни искуства. Местото и времето што го окупирате во овој момент е Вашиот ЖИВОТ, па нема смисла да се грижите за меѓуножјето на Лила или Ким Кардашијан или било која друга славна личност. Со тоа само го посветувате животот на современиот маркетинг и медија трикови, кои се водени од големите светски компании кои на тој начин ги промовираат своите производи и Ве претвараат во нивни потрошувачи. Ова е трагедија, ова е жално. Едноставно не дозволувајте да ви го "исперат" мозокот. 

10. Се се менува, секоја секунда
Прифатете ги промените и сфатете дека се се случува со причина. Она што го имате денес може да стане она што го имавте вчера. Никогаш не се знае. Нештата се менуваат спонатано, луѓето и ситуациите доаѓаат и си одат. Животот не престанува, се движи брзо од мир до хаос за една секунда, ова им се случува на сите луѓе во светот. За некого во моментов додека Вие седите смирено пред Вашиот лаптоп. Прифатете го она што доаѓа, а она што било оставете го таму некаде во меморијата дека тоа било и поминало. Пред Вас се нови предизвици, нови моменти, нови луѓе, дигнете ја глават и чекорете храбро.